Почина Филип Христов (1956 – 2023) – човек кој голем дел од својот работен и животен век посвети на ракометот.
Ракометната и спортската јавност
воопшто, денес изгубија еден вреден спортски работник и редок професионалец.
Првенствено препознатлив како дел од раководната структура на РК „Металург“ три децении наназад и директен учесник во формирањето на машката и женската екипа, Филип Христов својот спортски стаж го заокружи со ангажман во РФМ, како дел од комисијата за натпреварување.