Македонскиот одбојкарски првак се ребрендираше и доби ново име и нов претседател

Двократниот македонски одбојкарски шампион во машка конкуренција и воедно еден од најтрофејните наши клубови, Џио Струмица се ребрендираше и доби ново име со ново раковоство.

Од клубот се огласија со соопштение во кое се вели:

Почитувани ! Вашиот и наш шампион во одбојка со цел поуспешна работа и развој на струмичката одбојка изврши повеќе статусни промени :

Ново име – ОК Струмица 47&72

Нов Претседател – Владо Милев

Нов извршен орган и нови работни тела

Важно ! Новата Facebook страна ке биде ОВАА. Претходниот назив на клубот и сите претходни официјални социјални мрежи не се во надлежност на клубот. Спортски поздрав. ОК Струмица 47&72.