Полксата машка одбојкарска селекција по освојување на Светската лига, сега се израдува и на европската титула. Со тоа потврдија дека во моментов се неприкосновена сила во овој спорт.
Вчера во финалето Полска ја совлада Италија со 3-0 и сосема заслужена се радуваше на нова титула. Она што е интересно за нас е тоа што Македонија играше и против двата финалисти на ова ЕП и очекувано претрпе порази.
Но она што ќе остане запаметено е дека македонската публика имаше можност во Скопје во живо да го гледа ѕвездениот тим на Полска со оглед на тоа што играа во групата Ц.
Полјаците одиграа шест меча во групата што се играше во СЦ „Борис Трајковски“, меѓу кои и оној против Македонија игран на 10. септември кога славеа со 3-0.
Подоцна во нокаут фазата, во 1/8 финалето нашиот тим во Бари играше со вториот финалист, селекцијата на Италија.