Македонската олимписка делегација оствари важни средби деновиве во Пекинг

Претседателот на МОК, Даниел Димевски, извести за активностите на македонската олимписка делегација во Пекинг на Зимските олимписки игри.

Покрај редовните средби со Канцеларијата на Меѓународниот олимписки комитет, Олимписката Солидарност, претседастелот на МОК, м-р Даниел Димевски одржа работни среби и со претставниците на Меѓународните спортски федерации, меѓу кои и со Претседателот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС), господинот Јохан Елиаш.

На оваа средба се разговарало на повеќе теми од витално значење за развојот на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) и воопшто на скијањето.