Македонската олимписка делегација гордо продефилира на отварањето на ОИ во Токио

Македонските спортисти успешно продефилираа на свеченото отварање на Летните олимписки игри, чиј што домаќин годинава е Токио.

Иако постоеше опасност цела оваа манифестација да биде откажана во последен момент, сепак во согласност со сите олимписки комитети на државите учеснички на ОИ, решено беше дефинитивно да се оддржат игрите, но без публика.

Повеќе од 200 држави продефилираа на т.н црвен тепих пред почетокот на ОИ, па така и македонската делегација и спортистите.

Горд и напред, знаменосците Арбреша Реџепи и Дејан Георгиевски го вееа македонското знаме.

На олимписките игри е потврдено учеството на повеќе од 11.000 спортисти, за нашата држава и под нашето знаме, ќе не претставуваат 8 спортисти.