Македонската машка и женска ракометна селекција ги дознаа ривалите за Медитерански Игри

Женската сениорска репрезентација на Македонија е дел од групата Б по оддржаната ждребка за претстојните Медитерански Игри кои ќе се одржат во Оран, Алжир во период од 25.06 – 05.07.2022.

Противници на сениорската репрезентација на Македонија во групата Б се репрезентациите на Србија, Португалија и Турција.

Машката сениорска репрезентација на Македонија е дел од групата Б по оддржаната ждребка за претстојните Медитерански Игри кои ќе се одржат во Оран, Алжир во период од 25.06 – 05.07.2022.

Противници на сениорската репрезентација на Македонија во групата Б се репрезентациите на Шпанија, Турција, Грција и домаќинот Алжир.