Македонија во третиот шешир на ждрепката за Европското првенство

Македонската ракометна репрезентација нема да ги избегне најдобрите континентални селекции при ждрепката за Европското првенство што ќе се одржи в четврток.

Селекциите се поделени во четири шешири од по шест учеснички, врз основа на пласманот на последниот шампионат, како и резултатите од квалификациите. Заедно со Македонија, во третиот шешир се уште Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција.

Ждрепката ќе се одржи на 6 мај од 17 часот. По двете најдобри репрезентации од сркекоја група обезбедуваат место во главната рунда од првенството.