Македонија убедливо и врати на Данска за поразот во Струмица

Македонската одбојкарска репрезентација и се реваншираше на Данска за поразот од пред пет дена во Струмица и со 3:0 дојде до нови бодови во рамките на Сребрената лига.

Со победата во четвртото коло во Групата А, Македонија дојде до два нови бода, со што пласманот на завршниот турнир е практично обезбеден, освен во случај на некој неверојатен пресврт кој би ги оставил нашите одбојкари без место на Ф4.

Првиот сет беше најизрамнет и Македонија го доби со 25:23, но вториот сет нашите одбојкари го добија во голем стил со 25:17. Доминантниот настап продолжи и во последниот сет кој Мкаедонија на крајот го доби со 25:21 и дојде до убедлива победа во Шлагелсе.

Александар Љафтов беше најдобар во нашите редови со 23 поени, додека капитенот Ѓорѓиев успеа да освои 12.