Македонија со двајца атлетичари на Европското првенство во Берлин

На претстојното Европско првенство во атлетика што од 7 до 12.август ќе се одржи во Берлин, Германија за Македонија ќе настапат двајца претставници.

Кај жените тоа ќе биде Дрита Ислами која ќе трча во квалификациите на 400 метри со пречки и ќе настапи во вторник на 7.август (10 часот). Таа е пријавен со време 59.33 секунди.

Во машка конкуренција македонски претставник ќе биде Дарио Ивановски и тој ќе се натпреварува во дисциплината 1.500 метри. Неговиот квалификациски настап е во среда на 8.август (12:05 часот). Тој има резултат од 3:47.13 минути. Двајцата се претставници на АК „Работнички“. Како официјално лице е Игор Јакимовски, кој е и тренер на Ивановски.

Дрита Ислами последните подготовки ги имаше во Скопје, а Ивановски беше во Охрид и во Крушино.
Македонската делегација за Берлин патува на 5.август (недела).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФОТО: Одбојкарите слават – нека се виори тоа МАКЕДОНСКО СОНЦЕ!

Драма со Унгарија – но голема победа на Македонија за живеење на сонот за пласман на ЕП

Македонските одбојкари европските квалификации ги стартуваат од Будимпешта

Италијански голман ја преживеа несреќата на паднатиот мост во Џенова

(ВИДЕО) Атлетичарка од Израел се посрамоти: Го прослави среброто, а до крајот остана уште еден круг

Никола Ѓорѓиев: Унгарија е екипа која добро ја познаваме

ТРАГЕДИЈА: Од срцев удар умре одбојкар на хрватскиот шампион – играше со нашиот Љафтов

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА: Брутално и без милост – обезбедување уби познат ММА борец

ВИДЕО: Сочни пцовки – „Да ти е*ам….“