Македонија со 14 учесници на ЕП во планиско трчање на Водно

Скопје и планината Водно денеска ќе бидат домаќини на 17.Европското првенство во планинско трчање. На овој шампионат ќе натапат вкупно 241 атлетичар во четири трки од повеќе од 25 држави. За Македонија ќе настапат вкупно 14 натпреварувачи.

Кај мажите за Македонија ќе трчаат: Атанас Анчевски, Марјан Бонев, Александар Кирковски и Муџахид Муслими, додека во женска конкуренција претстанички ќе бидат: Весна Кираџиева, Адријана Поп Арсова. Во сениорска конкуренција трките ќе бидат со должина од 11 километри.

Во конкуренција до 20 години кај жените Македонија ќе ја претставуваат: Хајрие Азири, Елена Лазароска и Емилија Лазароска, кај мажите ќе трчаат: Дејан Ангелоски, Матеј Драгановски, Хашим Куртиши и Ријад Шаипи. Трката за натпреварувачи до 20 години ќе има должина од 6 километри.

Стартот на првата трка е во 9 часот жени У20, потоа во 10 часот е почетокот на трката за мажи У20. Женска сениорска трка ќе стартува во 10:45 часот, а машката сениорска трка има старт во 12:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кого прават будали? Оваа атлетичарка има 16 години!?!?

ФОТО: Вон нема мира – папараците го уловија нејзиното секси газе

(ВИДЕО)Синот на Цеца и Аркан е вистински „ѕвер“ – противникот нокаутиран, па докторите го спасуваа

ФОТО: Преноќија под отворено небо и на тротоар во пресрет на квалификациски меч за СП

Еден медал повеќе во однос на претходните МИ за Македонија

Атлетичарот Ивановски успешно ја заврши Тарагона, следна цел ЕП во Берлин

Македонските баскетџии останаа без медал во Тарагона

Македонските спортисти на осмиот ден на Медитеранските игри во Тарагона

Нов медал за Македонија во Тарагона