Македонија славеше во контролката против Австрија, утре е генералката пред ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација успеа да слави победа над Австрија на гостински терен со 3:0 во неофицијалниот пријателски меч во Сент Полтен.

Нашите репрезентативци успеаја да ги освојат сите три сета со идентичен резултат од 25:23, а со исклучок на играта во првиот сет, селекторот Матијашевиќ има причина за задоволство пред почетокот на првенството.

Во договор меѓу двајцата селектори се одиграл и уште еден сет, кој исто така им припаднал на нашите репрезентативци

По овој меч, македонската одбојкарска репрезентација ќе одигра уште еден натпревар против Австрија, но овој ќе биде од официјален карактер и ќе биде генерална проба пред настапот на ЕП.

По престојот во Австрија, нашата репрезентација ќе се упати кон Марибор, од каде ќе се пресели во Љубљана каде не очекува првиот историски настап на Европските првенства, а дебито ни е против Финска на 12. септември.