Македонија против Швајцарија во борба за 17.место на ЕП Б дивизија во Скопје

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија по двете победи во разигрувањето за пласман од 17-24.место попладнево во дуел за 17.место ќе игра против селекцијата на Швајцарија. Македонија во оваа фаза оствари две победи над Данска (85:54) и вчера против Азербејџан (65:50), откако во групата беше последна со една победа и четири порази.

Денешениот дуел се игра од 15 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Инаку, со победите во синоќешните полуфинални дуели Словенија и Холандија покрај финалето обезбедија пласман и во А дивизијата следната година. Словенија ја победи Белгија 73:70, а Холандија беше поуспешна од Естонија со 79:68.

Третата репрезентација која ќе се пласира во А дивизијата ќе биде победникот од „малото финале“ меѓу Естонија и Белгија. Почетокот на овој дуел е во 18:45 часот, додека финалето Словенија – Холандија се игра од 21 часот. Двата дуела ќе се одиграат во СРЦ „Кале“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЗТ Скопје Аеродром ги стартува подготовките за новата сезона

Македонија е во четвртфиналето со четири победи во низа – противник Романија

НОВ ТРИУМФ: Македонските кадети покажа сила

МКФ до клубовите неплаќачи – долгот да се подмири до 1.септември

Свежа крв во Гевгелија – Блокотехна ангажираше продорен Американец

Томас: Кливленд е ср..е, ете зошто Леброн пак замина

Македонија прими само ЕДЕН поен во втората четвртина

Мекејлеб повторно во дресот на Сарагоса

По поразот од Русија, Кадетите на Македонија возвратија со победа против Белгија на ЕП