Македонија поразена од Украина во полуфиналето на турнирот „Чајка“

Македонската одбојкарска репрезентација загуби во полуфиналето на турнирот „Чајка“ во салата „Градски Парк“ од репрезентацијата на Украина со 3:1 во сетови.

„Спартанците“ загубија во првиот меч на традиционалниот турнир „Чајка“ кој служи како проверка пред настапот на Европското првенство годинава.

Украинците беа подобри во првиот сет, имаа почетна серија и предност, но нашите одбојкари успеаја да се вратат во игра и израмнија на 16:16. Но, нашите репрезентативци не успеаја да го искористат тоа, па Украина го доби сетот со 25:21.

Во вториот сет се играше рамноправно се до резултат 12:12, но најголем проблем за нашите одбојкари на овој меч беше блокот, па Украинците во финишот го добија сетот со 25:20.

Најдобрата игра на овој меч нашата репрезентација го имаше во третиот сет кој воедно и го доби со 25:22 за намалување на предноста на Украинците на 2:1 во сетови, а во последниот сет нашата репрезентација беше во егал до 11:11, но потоа Украинците набрзо направија разлика која нашите одбојкари не можеа да ја стигнат и Украина го доби сетот со 25:20 за конечни 3:1 во сетови.