Македонија поразена од Русија

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 16 години со пораз го почна настапот на Европското првенство Б дивизија што се игра во Сараево. Македонија попладнево загуби од Русија со 75:69 (23:13; 10:23; 21:7 и 21:26).

Двете селекции добија по две четвртини, но нашите во третиот период постигнаа само 7 поени. Избраниците на селекторот Александар Јованчев покажаа дека можат да одиграат квалитетно особено во вториот период кога и направија резултатски пресврт и на полувреме Македонија водеше 36:33.

Сепак во завршницата Русија имаше водство, кое нашите кадети успеаја да го стигнат и да намалат (69:70), но немаа сили за пресврт и неколку спорни судиски одлуки ги одалечија од победата.

Марко Миловановиќ кај Македонија со 20 поени и 10 скокови беше најдобар, додека кај Русија Павел Савков постигна 20 поени а имаше и 11 скокови.

Утре нашата репрезентација во терминот од 14:15 часот го игра дуелот од 2.коло, а противник е селекцијата на Белгија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Вакво нешто може само на Ол Стар – Забивање за кое долго време ќе се зборува!

(ВИДЕО) Спектакл во Шарлот, тимот на Леброн дојде до победата, МВП титулата кај Дурант

ВИДЕО: Комичниот тајм-аут на Звезда: Коуч, ако стават некој висок на терен…

Човиќ, првиот човек на Ц.Звезда „плаче“ по поразот од Партизан: Како да честитам за нешто што е украдено

Скандал во Ниш: Партизан слави титула, Звездашите одбија да ги примат медалите

(ВИДЕО) Спектакл на Ол стар викендот: Диало го прескокна Шек и победи во забивање

Осман за македонското знаме: Сакав да искажам благодарност и љубов

(ВИДЕО) Блесна македонското знаме на „Ол-старот“ – Осман гордо го носеше

(ФОТО) Секоја чест – Охриѓанецот Чеди Осман на „Ол-старот“ на НБА ќе настапи со македонско знаме