Македонија по втора победа во групата

311

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СРЦ Кале го игра последниот дуел од групата А од Сребрената Европска лига. Гостува селекцијата на Косово единствената против која македонските одбојкари постигнаа победа во групата и тоа на стартот во 1.коло.

Потоа следуваше серија од четири порази од Австрија и од Летонија, но од причина што Македонија и Скопје се домаќини на завршниот турнир, нашата селекција има обезбедено пласман на Ф4 турнирот.

Играта и формата полека и евидентно се во нагорна линија. Победа над Косово треба само да се завери, но прашање е колку составот предводен од капитенот Никола Ѓорѓиев на теренот и селекторот Љубомир Травица ќе има сили за победи на 15 и на 16.јуни. Во дуелите против Летонија и Ацстрија на домашен терен во неколку наврати нијанси или недостаток на среќа придонесоа противникот да го добие сетот и со тоа и мечот.

Дуелот со Косово се игра со почеток во 20:15 часот.

По одигрувањето на денешните натпревари од 6.коло ќе биде познато кои репрезентации покрај Македонија ќе играат назавршниот турнир. Во конкуренција се: Летонија, Австрија (А група) и Хрватска и Белорусија (Б група). Три од овие четири селекции ќе играат во Скопје на 15 и 16.јуни.