Македонија одлета за Клуж по заверка на Мундијалот

2278

Ракометната селекција на Македонија, утрово со чартер лет од Меѓународниот аеродром Скопје одлете за Клуж на реванш мечот против Романија од бараж средбата за пласман на Мундијалот.

Селекторот Раул Гонзалез се реши на пат да ги поведе истите ракометари кои настапија на првиот меч во недела, со тоа што помеѓу патниците се најде и Златко Даскаловски како трет голман.

„Црвено-жолтите“ се очекува утре во Клуж да го заверат пласманот на Светското првенство, а резултатот од првиот меч ни дава верба дека истото ќе биде сторено.