Македонија напредуваше на најновата ФИФА ранг листа

По нестварниот триумф во Дуизбург пред една недела, македонската фудбалска репрезентација скокна некоја позиција напред на ФИФА рангирањ ето.

Иако малкумина веруваат дека може да ја шокираме големата Германија, сепак Македонија уште еднаш ги демантира сите и најави дека во иднина и тоа како треба да сметаат на нас.

По победата против селекцијата на Германија, репрезентацијата на Македонија отиде три позиции напред на најновото ФИФА рангирање, сега сме 62-ро пласирана репрезентација.

Доколку не загубевме во Романија на почетокот од квалификацискиот циклус, веројатно прогресот на Македонија ќе беше уште подобар неколку позиции и ќе се приближевме кон првите 50 репрезентации.

Пресметувајки кој каде котира на ФИФА рангирањето, може да се види дека идните противници на Македонија на ЕП се далеку напред.

Во тоа друштво најслабо пласирана репрезентација е Украина на 24-та, позиција понапред е Австрија како 23-та репрезентација, додека најдобро пласирани се „лалињата“ на 16-та позиција.