Македонија има ракометна иднина: Кадетите го освоија ЕХФ првенството во Рига и се пласираа на ЕП и СП

Кадетите на ракометната репрезентација на Македонија, го освоија пехарот на ЕХФ шампионатот во Рига, откако во големото финале славеа над репрезентацијата на Швајцарија (24:22).

Со оваа победа во финалето освојувањето на турнирот, македонските кадети си обезбедија пласман на ЕП во 2024 година и пласман на Мундијалот идната година.

Во првите 30 минути, Македонија стекна предност (13:10), но затоа по одредени падови во играта во вториот дел, Швајцарија дојде до егал и неколку минути се играше гол за гол.

На крајот Македонија слави голема победа, за голем мотив за уште поголеми победи во иднина на оваа генерација ракометари.

Димковски беше најефикасниот ракометар во редовите на Македонија, тој постигна седум погодоци.