Македонија го доби(ва) Митревски веќе против Црна Гора?

Доколку Никола Митревски добие уште еден негативен тест на ПЦР тестирањето, големи се шансите да го имаме во тимот за пресметката со Црна Гора.

Како што е познато, Митревски не отпатува со екипажот за Унгарија поради позитивниот тест кој го доби ден пред заминувањето на ЕП, остана дома, доби еден негативен тест и сега треба да направи уште едно тестирање со кое ќе му биде овозможено да се врати во репрезентацијата за преостанатите натпревари.

Според информациите, тој веќе бил на пат кон Дебрецин и попладневно го очекува уште едно, конечно тестирање, кое треба да потврди дека Македонија ќе биде засилена со уште едно звучно име во репрезентацијата.

Утре го играме мечот против Црна Гора, па несомнено дека може да ни биде од голема важност на голот.

На вчерашниот натпревар против Словенија, Никола Митревски имаше соодветна замена во Мартин Томовски кој забележа 14 интервенции.