Македонија без сили за изненадување – поразена од Црна Гора

Македонската женска ракометна селекција во рамките на ЕХФ купот е поразена од Црна Гора со резултат од 21-29.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски доста неефикасно го започнаа мечот, па гостинките кои се и поискусни, веќе по првото полувреме направија солидна предност од +4 (9-13).

Нашиот национален тим добро го отвори вториот дел и успеа да дојде на само -1 (14-15), но за жал тоа беше се од нашиот национален тим на овој меч.

До крајот Црна Гора постојано ја зголемуваше предноста и на крај славеше и повеќе од убедливо со +8 (21-29).

Ристовска со шест гола беше најефикасна во нашиот националниот тим пред Гичевска која постигна еден помалку (5).

Во победничкиот табор на Црна Гора прво име беше некогашната вардарка Итана Грбиќ со десет постигнати гола.

Нашата селекција ја очекува уште еден натпревар против истиот противник, но овојпат на гости против Црна Гора на 10.10.2021 (недела).