Македонецот блеска и во Германија: Ѓорѓиев тргна моќно со Фридриксхафен и доби МВП

Најдобриот македонски одбојкар и воедно капитен на машката одбојкарска селекција Никола Ѓоргиев се одлучи сезонава повторно да се врати во Европа.

По настапите со нашиот национален тим на ЕП, Ѓорѓиев се приклучи веднаш на својот нов тим Фридриксхафен од Германија каде што уште на самиот стар покажа дека ќе биде големо засилување на тимот.

Во таа насока оди признанието од вчера кога се здоби со МЦП за најкорисен играч во осминафиналниот меч од Купот на Германија.

Niko Gjorgiev machte heute einen überragenden Job und hat sich den goldenen MVP-Titel mehr als verdient👏#VBFHVE #WirHäfler

Gepostet von VfB Friedrichshafen Volleyball am Samstag, 2. November 2019

Ѓорѓиев до МВП наградата стигна откако запиша нова фантастична партија, беше најдобриот поединец на паркетот и со 22 поени го водеше својот тим до голема победа над Хајтек Волеј од 3-1 во сетови и пласман во четвртфиналето во Купот.