Македонецот Андоновски го однесе САД во борба за медал

Женската фудбалска репрезентација на Соединетите Американски Држави (САД) чиј селектор е Македонецот Влатко Андоновски ќе игра во полуфиналето на Олимписките игри во Токио.

По пеналот, САД ја совлада Холандија со 4: 2. Во регуларниот дел беше 2: 2 (1: 2).

Холандија поведе со голот на Мидеме од 18.минута, но Американците свртеа со головите на Муис во 28.минута и Вилијамс во 31.минута.

Мидема израмни во 54. минута, за Мертенс да биде трагичар, бидејќи промаши пенал во 81. минута. Поточно, Нехер одбрани.

Пенали за Холандија промашија Мидема и Нувен, додека Американките беа сигурни, а решавачкиот гол го постигна Меган Рапино.

САД – Канада и Австралија – Шведска ќе играат во полуфиналето.