Македонец ќе игра во поранешниот клуб на Алекс Фергусон

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски од денеска официјално е член на шкотскиот премиерлигаш Абердин.

Штипјанецот, кој утре полни 23 години, во новиот клуб оди од унгарскиот МТК и потпиша договор на четири сезони. Абердин е еден од најкултните шкотски клубови, најпознат по тоа што пред речиеи четири децении, менаџер на тимот беше славниот Алекс Фергусон кој со него триумфираше во Купот на победниците на куповите.

Миовски од оваа година е стандарден репрезентативец на Македонија, досега забележа 14 настапи и постигна 3 гола.