Македонецот се враќа во Јапонија: Ѓорѓиев потпиша за Сакаи Блејзерс

435

Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓорѓиев, ја заврши својата епизода во ОНИКО од Варшава, па реши својата кариера повторно да ја продолжи во Јапонија.

Капитенот на нашата одбојкарска репрезентација мина една година во Полска каде имаше одлични резултати со својот клуб, но и на индивидуален план. Сепак, тој реши да се врати во земјата на изгрејсонцето, а негов нов тим ќе биде Сакаи Блејзерс од Осака кој настапува во најсилната лига во Јапонија.

Official announcement Nikola Gjorgiev is back to Japan!#LZSportTeam #Japan #Goback

Publiée par LZ Sport Pro sur jeudi 17 mai 2018

Сакаи е 17-кратен шампион во својата земја, а последен пат беше првак во 2012/13.

Ѓорѓиев во Јапонија претходно настапуваше за тимот на Торај во сезоната 2015/16, а во својата кариера настапувал и за Мили Пјанго (Турција), Париз (Франција), Форли (Италија) и Раднички Крагујевац (Србија).