Мајкл Џордан го продава Шарлот Хорнетс

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња по се изгледа се повлекува од НБА лигата, по 13 години како доминантен сопственик на франшизата од Шарлот.

Американските медиуми тврдат дека тој е во сериозни преговори за продажба на својот пакет акции, а потенцијални купувачи се група предводена од малцинскиот акционер Гејб Плоткин и ко-сопственикот на Атланта Хпукс, Рик Шнал. Преговорите се во почетна фаза, а според извештаите, Џордан би го продал својот удел за 1,5 милијарди долари што е 3,5 пари повеќе од вкупните 450 милиони кои ги плати од 2010 до 2019 година, период во кој стана мнозински сопственик.

Во овие 13 години како сопственик на франшизата од Северна Каролина, Џордан не освои ниедна титула, а и тешко дека ќе се случи тоа во блиска иднина, со оглед на составот и целото опкружување околу Хорнетс.