Мајк Тајсон на брутален начин го најави своето враќање во рингот

Мајк Тајсон се враќа во рингот на 28 ноември со дуелот против уште една легенда Рој Џоунс.

Овој меч првично требаше да се одржи во септември. Сепак, Тајсон го одложи мечот со цел барем одреден дел од публиката да моеж да ужива во борбата на двете легенди.

Мечот е планирано да се одржи во пет рунди. Судии покрај рингот нема да има и единствениот начин да се победи е да се нокаутира противникот.

Со оглед на тоа какви тренинзи одржува Тајсон тоа сигурно ќе го добиеме и овој меч сигурно ќе привлече големо внимание.