Мајами пред сериозен хендикеп: Го губат Драгиќ за останатите натпревари?

Мајами губи по првиот натпревар во големото финале против Лејкерс со 1:0, а дополнителен товар за нивната екипа може да биде повредата на еден од најдобрите во нивните редови.

Горан Драгиќ кој играше против Лејкерс на првиот натпревар, успеа да заработи повреда, и според последните информации од Америка, најверојатно ќе мора да одмара една недела, а со тоа веројатно и да пропушти уште барем два меча.

Потврда од клубот Мајами Хит се уште нема, но веројатно пред вториот натпревар, кој се игра во петок навечер, или сабота наутро, ќе има подетални информации за сериозноста на неговата повреда.