Магдебург му се заблагодари на Македонецот – Кузмановски се сели во друг клуб

Германскиот клуб Магдебург, во кој настапува македонскиот интернационалец Филип Кузмановски, денеска му се заблагодари на нашиот ракометар.

Магдебург денеска сподели вест со фановите, како му се заблагодарува на Кузмановски за неговиот досегашен ангажман во клубот и му посакува се најдобро во иднина.

Кузмановски е талентиран ракометар, во динина можеби повторно да соработуваме. Му посакуваме се најдобро во понатамошната кариера“, порачаа од германскиот клуб.

Од идната сезона, Филип Кузмановски ќе настапува во тимот на Хановер.