Лукаку слави титула, па испрати порака до сонародниците во Реал и Сити

Интер деновиве го слави Скудето по цели 11 години, откако успеаја да го скршат отпорот на Јувентус, кој имаше за цел да освои титула десетта година по ред.

Конте создаде систем и игра, кои се проблем за Јувентус и конкуренцијата, па на крајот по се што видовме, Интер е заслужено шампион во Италија.

Со оглед на тоа дека селекцијата на Белгија е еден од фаворитите на претстојното ЕП, Ромелу Лукаку ги повика меѓу редови и своите сонародници од Сити и Реал да ги освојат титулите во своите првенства и со голема доза на самодоверба да пристапат на ЕП.

Се надевам дека и останатите колеги од репрезентацијата ќе освојат титули во домашните првенства, Азар, Куртоа, Де Бруине, се надевам дека ќе освојат титули, па со победнички дух полесно дапобедуваме на ЕП. Ова во Интер ми е најуспешната сезона во кариерата и нема да запрам тука“, порача Лукаку.