Лука Модриќ „мајсторски“ го прозва Мбапе

Лука Модриќ е член на Реал Мадрид 10 години, а Крал ќе остане барем уште една сезона.

36-годишниот фудбалер усно се согласил да ја продолжи соработката со кралевите и ќе потпише нов едногодишен договор по финалето на Лигата на шампионите.

Зборувајќи за Партидазо Копе, хрватскиот фудбалер го „боцна“ Килијан Мбапе, за кој многумина тврдат дека го измамил Реал Мадрид. Тој вети дека ќе дојде, но на крајот потпиша нов договор со ПСЖ.

„Се уште не сум го продолжил договорот со Реал Мадрид. Сепак, нема да направма тоа што го стори Мбапе и се надевам дека клубот нема да ми го направи тоа“, низ смеа изјави Модриќ.