Лука е неверојатен – талентиран и мешавина на Бирд и Харден!

Стилот на игра на Лука Дончиќ во НБА првенството се повеќе и повеќе плени кај неутралците кои го следат овој спорт и оваа лига.

Популарноста на словенскиот репрезентативец расте до небо, но со тоа расте и неговиот притисок дека секој ден мора да биде се подобар и подобар.

Тој успеа сезонава да сруши неколку уникатни рекорди на Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.

При тоа, тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, истакна дека неговата игра е мешавина на стилот кои во минатото го имаа легендата на Бостон, Лери Бирд и Џејмс Харден.

Лука е важен играч за НБА лигата, не само поради фактот што доаѓа од Европа, туку напротив поради тоа што игра навистина перфектно. Во некои моменти ме потсетува на Лери Бирд, но во исто време има и потези кои потсеќаат на Џејмс Харден, Лука е одличен и мешавина на овие двајца“, истакна Кер.