Лук Шо ужива на Миконос, но не сам: Случајно или не, со него е трансфер метата на Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, во моментов е на заслужен одмор, пред да се врати во тренинг базата на Јунајтед каде ќе се подготвуваат за новата сезона.

Шо кој во финалето го постигна голот за Англија во регуларниот дел, е заедно со асот на Астон Вила, Џек Грилиш, кој е еден од најбараните фудбалери ова лето во Премиерлигата.

Интересно е тоа што Џек Грилиш е на мапата на посакувани засилувања за Манчестер Јунајтед ова лето, а е во друштво на бекот на Јунајтед. Тие двајцата деновиве уживаат во убавините на Миконос, во Грција.

Добар дел од спортската јавност во Англија и фановите на Јунајтед, веруваат дека овде има нешто посебно и дека ова може да е најава за нов потенцијален трансфер.

Клубот од Бирмингем пред извесен период појасни дека не размислува да го продаде Грилиш под 70 милиони фунти, па можеби другарувањето на Шо со Грилиш ова лето, можеби навестува дека по Санчо, Јунајтед ќе обезбеди уште еден возбудлив трансфер.