Луис Хамилтон позитивен на корона вирусот

Луис Хамилтон славеше во неделата во трката за Големата награда на Бахреин, а уште една трка не очекува викендот исто така.

Имено, според календарот, Бахреин ќе организира две трки, а втората ќе ја гледаме викендов. Претходната беше многу хаотичен, а ја одбележа експлозија на автомобилот на Ромен Грожан, кој за среќа извади жива глава.

И на оваа трка славеше Хамилтон кој веќе ја имаше обезбедено титулата светски шампион. Но, тој сака што повеќе победи до крајот на сезоната да се издвои на врвот на вечната листа.

Сепак, неговите планови беа уништени бидејќи беше потврдено дека нема да го гледаме на патеката овој викенд. Формула 1 потврди дека Хамилтон е позитивен на коронавирус и дека нема да вози за Мерцедес во недела.

Подоцна ќе се знае кој ќе вози наместо Хамилтон за Мерцедес во Бахреин.