Луис Енрике излезе со коментар за повредата на Мбапе

Фудбалерот на ПСЖ, Килиан Мбапе, на вчерашната средба против Марсеј, повторно се повреди.

Мбапе со помош на лекарскиот тим од ПСЖ, успеа да го среди зглобот за момент, па по повредата веднаш се врати на терен, но не за долго.

По половина час, тренерот Луис Енрике мораше да прави замена и да го прати играчот порано на туширање.

Ова за фудбалерот е дури 18 поведа откако е член на ПСЖ од 2017 година, кога за неговите услуги ПСЖ им исплати 185 милиони евра на Монако.

Повредата на Килиан не е така страшна, но тој чувствуваше болки и не сакав да ризикувам, најпаметно беше да го повлечам од игра, верувам дека не е ништо страшно“, порача Енрике.

Мбапе е стрелец на 220 голови и 98 асистенции во дресот на ПСЖ за 266 натпревари, а веројатно тие бројки би биле далеку подобри да не мораше поради разни повреди да отсуствува од терените.