Лудница на Сан Сиро: Милан добил 200 илјади барања за билети

По пауза од 11 години, Милан е најблиску до титула во Серија А од која го делат две победи во финишот од сезоната.

В недела го игра последниот натпревар на домашен терен, против Аталанта, а интересот за билети за тој меч е неверојатен. Клубот добил дури 200 илјади барања за влезници, а во официјална продажба се пуштени само 75 илјади. Се очекува дури 10 илјади фанови да дојдат од странство, да има навивачи од 148 различни националности и 450 навивачки групи од цел свет.

„Росонерите“ имаат се во свои раце и ништо не зависи од нивниот единствен ривал Интер. Дури и во случај на ист број бодови со градскиот конкурент, Милан ќе биде шампион поради подобриот однос во меѓусебните дуели.