Лудница во НБА: Бруклин Нетс прави страшна екипа, компетентна за титула!

Бруклин Нетс очигледно имаат одличен проект во најава. По Кајри Ирвинг, во екипата најверојатно пристигнува и големата ѕвезда Кевин Дурент од Голден Стејт.

Како што наведува познатиот кошаркарски инсајдер Адријан Војнаровски, Дурент ќе потпише 4 годишен договор вреден 164 милиони долари, додека Ирвинг за истиот период доби 141 милион долари.

Но тоа не е се, истиот извор наведува дека во Бруклин доаѓа и центарот Диандре Џордан.

Дурент поради тешката повреда ќе го пропушти почетокот на новата сезона, но доаѓањето на оваа ѕвезда дефинитивно ќе значи дека Нетси решија следната година сериозно да се вмешаат во битката за титулата.