Лудница пред мечот Македонија – Англија: Се нуди и до 50 евра за карта на црно

Македонија и Англија вечерва во 20:45 на националната арена „Тодор Проески“ ќе ги одмерат силите во меч без разултатско значење.

Противникот иако ослабен без неколку ѕвезди во тимот е „магнет“ за македонската публика, а стадионот веќе од поодамна е распродаден.

Последните денови, особено денес на социјалните мрежи наголемо се бара карта плус на „црниот пазар“.

„Поради здравствени причини на еден пријател, ни останува една карта, па решив да ја понудам на продажба. Верувајте инбоксот за пола час ми беше затрупан со над 80 барање да ја купат картата. Се нуди 1000, 2000, а неколку понуди и до 3000 денари за карта“, ни изјави еден наш читател кој сакаше да остане анонимен.