Луда недела во Реал: „Избрканиот“ Иско стана капитен

Против Рома остана на трибина, против Валенсија одигра десетина минути на местото на Себаљос и шпанските медиуми побрзаа да објават дека на Иско му се одброени деновите во Реал Мадрид.

Тотален пресврт се случи денеска откако беше објавено дека шпанскиот репрезентативец ќе биде капитен на екипата на реванш дуелот од Купот против нисколигашот Мелиља. Да се игра против ваква екипа не е комплимент и во оваа фаза некои го сметаат и како казна за најголемите ѕвезди, но по се она што се случуваше последните недели, навивачите гледаат обид да се крене самодовербата на фудбалерот.

Иако не бил стартер за Реал од Ел Класико на Камп Ноу, на 28 октомври кога Барселона победи со 5-1. Но, тогаш тренер уште беше Лопетеги. Од доаѓањето на Сантијаго Солари ниеднаш не се нашол во почетната постава, а играше едвај неколку натпревари по 10-20 минути.

Одмор за овој натпревар добија Рамос, Карвахал, Марсело, Варан, Бензема и Модриќ, а најверојатно на голот ќе се врати Кејлор Навас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Резултатите денеска во Серија А не ветуваат ништо добро за Џенова и Горан Пандев

Во Челси веќе решиле кому ќе припадне 10-та на Азар?

Зидан го потврди она што се зборува на големо за Бејл во Мадрид

Бејл дури и од клупа денеска, успеа да ги налути навивачите на Реал Мадрид

Титулата на Сити во Купот го спаси Јунајтед од големи претумбации ова лето

ВИДЕО: Реал Мадрид со нов пораз ја заврши кошмарната сезона

Избрани најдобрите играчи за сезоната 2018/19 во Серија А

Милан се пазари со УЕФА: Ако не влезат во ЛШ да не играат ЛЕ и да се смета како казна

Крај на една ера: Компани си замина од Сити по 11 години