Љубителите на УФЦ во шок: Хабиб заминува во пензија!

Хабиб Нурмагомедов вечерва се најде во центарот на вниманието на светската спортска јавност откако почнаа шпекулации дека ќе се пензионира.

Тој објави дека наскоро ќе се соопшти многу важни вести за својата иднина и многумина тоа го сфатија како крај на кариерата. На истото се надополни неговиот агент Алил Абделазиз.

„Играта повеќе нема да биде иста“, напиша Абделазиз на фотографијата на која се наоѓаат тој и Хабиб.

Првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт порача дека не знае ништо за тоа и дека не му е јасна ситуацијата имајќи предвид дека Нурмагомедов има договорена борба против Гатје.