ЛШ: Лајпциг сигурен во Швајцарија, Милан и Њукасл ги поделија бодовите

Во првите два натпревари од ЛШ вечерва, Лајпциг обезбеди победа на гостувањето во Швајцарија кај Јанг Бојс со 1:3, додека Милан и Њукасл на „Сан Сиро“ одиграа мирољубиво (0:0).

Во Швајцарија гостите ги обезбедија првите три бода во новата сезона, со головите на Симакан, Слагер и Шешко, додека за домаќините единствен стрелец беше Ела, но тоа не беше доволно за нешто повеќе или барем бод на оваа средба.

Што се однесува до мечот во Милано, таму мрежите мируваа, иако Милан беше далеку поконкретна екипа, но имаше опасни ситуации и на двете страни, но резултатот сепак остана на оној почетниот.

Залудно беше што Милан имаше и посед на топка и повеќе удари на гол, сепак не дојдоа до посакуваната победа. Њукасл во самиот финиш имаше зрела ситуација да ги шокира домаќините, но на крајот, ги поделија бодовите.