Лоши вести за Македонецот: Се чини дефинитивно нема место за Илиев во Арсенал

Јасно е дека Мартинез ќе го напушти Арсенал и ќе стане нов голман на Астон Вила, а „топџиите“ ја најдоа неговата замена.

За жал тоа нема да биде нашиот Дејан Илиев за кого станува јасно дека нема иднина во Арсенал.

Така, втор голман во Арсенал ќе биде Рунар Алекс Рунарсон, голманот кој во моментов брани во Дижон, а според најавите тој ќе потпише договор со „топџиите“ до крајот на неделава.

Англиските медиуми пренесуваат дека Рунарсон треба да биде на клупата на Арсенал во следната рунда кога Вест Хем гостува на Емирати.

Овој голман ќе потпише петгодишен договор со Арсенал, а со оглед дека има 25 години, сигурно е дека не сакаат тоа да биде само привремено решение.

Наводно, неговото деби треба да биде следната недела кога Арсенал ќе одигра натпревар од Лига купот против Лестер.