Лош ден за Барса: Играјќи за репрезентациите, се повредија двајца фудбалери

Синоќешните натпревари во Лигата на нации не донесоа убави вести за фудбалерите на Барселона кои настапија на нив.

Се повредија двајца за кои дијагнозата ќе биде позната деновиве, но најверојатно ги очекуваат паузи. Прво се повреди дефанзивецот Жил Кунде на мечот меѓу Франција и Австрија и тој денеска ќе се врати во Барселона, на дополнителни прегледи. По завршувањето на дуелот, нелагодност почувствувал и Дембеле, но тоа е последица на замор.

На натпреварот меѓу Полска и Холандија се повредил Мемфис Депај кој мораше да го напушти теренот. Се чини дека кај него ситуацијата е посериозна и можно е да биде надвор од тимот подолг период.