Лопез реши да удри по Ѓоковиќ за ситуацијата со Адриа турнирот

Шпанскиот тенисер Фелисијано Лопез, се осврна на последните случувања околу Новак Ѓоковиќ и она што се случуваше во Задар на Адриа турнирот.

Лопез е тенисер кој секогаш има добар однос со светскиот рекет број 1, но овој пат, шпанскиот тенисер реши да критикува.

Тоа што го направи Ѓоковиќ, воопшто не беше од помош. Мислам дека тоа можеше да биде направено многу подобро, сигурен сум во тоа. Поради ситауцијата во која е цел свет, Новак мораше да направи сосема различна слика за него од оваа која е моментално актуелна“.

„Политичарите и здравствените институции во земјата дозволија да се одржи натпреварување со 4.000 луѓе без маски на трибини, а исто и тие кои беа на трибини имаат иста одговорност како и Новак Ѓоковиќ“, порача Лопез.