Лондон не му е суден: Надал поразен од Тим!

Вториот светски рекет Рафаел Надал го доживеа првиот пораз на завршниот Мастерс сезонава што се одржува во Лондон.

По триумфот против Рубљев, Шпанецот загуби од Доминик Тим со 0-2 откако двата сета ги загуби во тај-брејк. Ова е шести триумф за австрискиот тенисер во 15. дуел против Надал.

Тој ќе мора да го победи Циципас во последното коло за да обезбеди пласман во полуфиналето, а ако го стори тоа, можно е да се судри со Новак Ѓоковиќ, ако Србинот го освои првото место во својата група. Интерсно е тоа што Надал никогаш не триумфирал на завршниот Мастерс во Лондон.