Љафтов: Треба да покажеме квалитет од претходните години

435

Македонската одбојкарска репрезентација во петок во 20 часот го игра своето четврто полуфинале во Европската лига. Во претходните три дуели изминативе години Македонија се радуваше на победи. Во петок ривал ни е селекцијата на Хрватска.
– Нашиот прв ривал на завршниот турнир е селекцијата на Хрватска, која беше првопласирана во својата група со само еден пораз. Некако тоа е подобар ривал во однос на Белорусија и на Летонија. Ние сме фаворити само од причина што играме на домашен терен и треба да го покажеме квалитетот од претходните години за да стигнеме до залтниот медал, изјави Александар Љафтов, кој еден период во својата кариера го мина играјќи за екипата на Каштел од Хрватска.
На дуелите од групата Македонија постигна само две победи (двете над Косово), а претходните години финалето на завршниот турнир нашите го завршуваа со пораз.
– Лани на турнирот во Данска од 0-2 во сетови, стигнавме до победа од 3-2, а потоа како да останавме без сила за финалето. Со помош на публиката мислам дека можеме да стигнеме до посакуваните победи и до златниот медал, изјави Дарко Ангеловски.
Натпреварот Македонија – Хрватска се игра во СРЦ Кале во петок (15.јуни) со почеток во 20 часот, додека во првото полуфинале од 17 часот играат Белорусија и Летонија.
Финалето и дуелот за 3.место на програмата се во сабота на 16.јуни.

Децата 12 и 13 години од девет држави – членки на БВА, односно 18 пара од Македонија, Албанија, БиХ, Бугарија, Грција, Косово, Црна Гора, Србија и Турција ќе играат одбојка на плоштадот „Македонија” во Скопје, од 10 до 14 часот. Овој настан на фестивалот на одбојката е насловен како „Одбери одбојка”.