Ливерпул пред договор со првото засилување – стопер од Лајпциг

Повредата на Вирхил ван Дајк на почетокот од сезоната, тотално ги смени плановите на Ливерпул, па „црвените“ во продолжение од сезоната не беа ни сенка од оној тим кој лани убедливо ја освои титулата во Премиер лигата.

Раководството не сака да се повтори истата ситуција и уште сега го договори првото засилување за идната сезона. Станува збор за стоперот на Лајпциг, Ибрахима Конате за кого ќе плати 40 милиони евра, а трансферот се очекува да биде потврден веднаш откако ќе заврши сезонава.

Лајпциг нема право на глас во овој случај бидејќи толку изнесува откупната клаузула, а Конате има желба да се пресели на Островот.