Бразилскиот голман Бекер ќе добие сериозна конкуренција на „Енфилд“ од идната сезона.
Фудбалскиот клуб Ливерпул се доста тивки ова лето по прашање на трансферите, а се чини дека првото засилување го обезбедија.
Станува збор за голманот на Валенсија, Гјорги Мардашвили, кој ги договорил личните услови и чека на договорот на клубовите за трансфер.
Ливерпул им нуди 35 милиони евра на Валенсија за 23 годишниот голман, кој е проектиран за долга соработка со Ливерпул и замена за Бекер.
Но и покрај неговото доаѓање, Бразиелцот останува прв избор на Ливерпул, а Мамардашвили ќе биде пратен на позајмица во Борнмаут.
Мамардашвили смета дека ова му е најдобра опција за продолжување на кариерата и чека да се даде конечно зелено светло за негов трансфер во Ливерпул. Трансферот веројатно ќе изнесува 35 милиони евра.