Викендов почнува новата сезона во Премиер лигата, нова ера и за гигантот Ливерпул по заминувањето на менаџерот, Јирген Клоп на чие место дојде Холанѓанецот, Арне Слот.
Тој дебито на клупата на Ливерпул ќе го има во сабота, на гостувањето против Ипсвич, новиот член на англиската фудбалска елита.
#Liverpool announce NEW badge! 🤩 #LFC have changed their badge to the Liver Bird for the upcoming season and will use this as their official logo on all social media platforms…!
What do you think of this change? 👇 pic.twitter.com/fRKDXcTCxy
— CoverFootballUK (@CoverFootballUK) June 24, 2024
Покрај новиот тренер, Ливерпул на овој меч ќе го претстави и новиот клупски грб, кој е сменет откако стариот го красеше дресот на клубот во минатите 32 години.
Новиот грб го содржи само основниот клупски симбол, птицата и кратенката ЛФК (LFC). Од него беа отстранети приказот на капијата на „Енфилд“ именувана по легендарниот менаџер Бил Шенкли, двата факела во чест на навивачите кои загинаа на Хилсборо и слоганот „Никогаш нема да одиш сам“
Како причини за овие промени клубот го наведе дигиталниот маркетинг: „Новиот грб ќе се користи за претставување на ЛФК на сите платформи на социјални медиуми, на официјална интернет страница и на мобилната клупска апликација. Натаму, „Ливер брд“ (Liver Bird) ќе се користи во дигитален и ТВ контекст во националните и во меѓународните медиуми.
Повеќе од 86 проценти од посетителите на Liverpoolfc.com и 98 проценти од корисниците на социјалните канали на клубот доаѓаат од мобилни уреди, така што постои потреба брендирањето на клубот да биде многу појасно и повидливо на помалите екрани.“
Како што е најавено, стариот грб ќе остане на надворешниот ѕид на „Енфилд“.