Ливерпул бара проверка на одлуките на ВАР во дербито со Евертон

Вчера се одигра големото градско Мерсисајд дерби меѓу Евертон и Ливерпул на „Гудисон Парк“ и на крајот мечот заврши со 2:2.

Дуелот на ливерпулските ривали го одбележаа некои спорни ситуации кои воглавно беа на штета на „Црвените“. Во Ливерпул жалат поради голот на Џордан Хендерсон во 93. минута кој беше поништен бидејќи асистентот Садио Мане беше во мошне мал офсајд.

ВАР го поништи голот на Ливерпул, а претходно на почетокот на мечот тешко беше повреден Вирџил ван Дајк, врз кого стартуваше голманот на „Карамелите“ Џордан Пикфорд.

Тој не доби јавна опомена бидејќи претходно беше досуден офсајд за Ван Дајк.

Ливерпул сега најави дека ќе се жали на одлуките на ВАР и сака тие повторно да се испитаат, па можеби и да се воведат некои дополнителни промени. Пикфорд би можел да биде казнет, но резултатот нема да се менува.

Исто така, „Црвените“ ќе бидат без еден од клучните играчи повеќе од половина година.