Лидс не се шегува: Алиоски ќе добие соиграч од Реал Мадрид

По долго време, Лидс Јунајтед е на пат да се врати во Премиер лигата каде со успех настапуваше до пред повеќе од една деценија.

Тимот од Иланд роуд е убедливо на првото место во Чемпионшип дивизијата иако до крајот на сезоната има да се игра уште многу. За дополнително да си ги зголеми шансите за место во елитата, раководството на Лидс Јунајтед се обидува да ангажира еден искусен и квалитетен голман.

Станува збор за членот на Реал Мадрид, Кико Касиља кој оваа сезона трет голман на „кралскиот клуб“ откако таму дојде Тибо Куртоа. И претходните сезони тој немаше минутажа, но стоеше на голот кога Зидан го одмораше Кејлор Навас.

Касиља може да помогне со своето искуство, а со тоа и да си обезбеди место во Премиер лигата идната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Пукна петарда на Вембли, Роналдо не успеа да ја скрши Украина

(ВИДЕО) Беда и очај: Венецуела ги гази Меси и компанија

ВИДЕО: Франција ја растура Молдавија – Погба и Гризман продуцираа фантастичен гол!

Следува жестока казна – УЕФА започна постапка против Нејмар

Куртоа: Јас сум еден од најдобрите голмани на светот, но шпанските новинари сакаат да ме убијат

Де Геа е одлучен да го „ограби“ Јунајтед, дали е реално да бара толкав договор?

Реал подготви 65 милиони за нов бразилски вундеркид!?

(ФОТО) Тага во Мадрид, започна рушењето на „Висенте Калдерон“

„Марка“ и „Л’Екип“ тврдат дека Варан си заминува, а сега се јави и самиот играч